Toyota и Subaru со заедничка премиера на 5 април

ОБЈАВЕНО НА:

Toyota и Subaru во заедничко соопштение потврдија дека на 5 април на јавноста ќе претстават новитет. Во краткото соопштение не се објавени детали за каков модел станува збор.

Повеќето медиуми се сложни околу пишувањата дека се работи за премиерата на Toyota GR86 и Subaru BR кои подолго време се најавуваат, а кои исто така беа претставени во своите верзии за Северна Америка.

Двата модели се темелат на e-TNGA платформата која во својата електрична верзија ќе овозможи автономија до 600 км. И двата модели ќе имаат и погон на сите четири тркала, но ќе бидат достапни и со бензински мотор.

Тесната соработка помеѓу Toyota и Subaru воопшто не треба да зачудува. Истата произегува од фактот што најголем акционер на Subaru е токму Toyota која поседува 20% од вкупниот број на акции.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK