Toyota и PSA прекинуваат со заедничкото производство на мини градски автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

PSA Групацијата и Toyota кои од 2005 година во својата чешка фабрика заедно ги произведуваат своите модели во сегментот на мини автомобили објавија прекин на заедничкото производство на автомобили.

Иако пред само еден месец Линда Џексон, претседателката на Citroen и првиот човек на Toyota Europe Ван Цил, изјавија дека двете компании работат на новата, трета генерација на C1, Aygo и 108, а истите во сериско производство се очекува да се појават во текот на 2020 година во фабриката во Колин, Чешка, сепак до ова нема да дојде.

Со вакво тврдење излезе тиражниот француски весник Ехос кој пренесе дека Toyota ќе ги откупи акциите на PSA Групацијата во заедничката компанија со што фабриката во Колин ќе премине во целосна сопственост на јапонскиот производител.

Со ова Toyota ќе ги зголеми производствените капацитети во Европа, а воедно самостојно ќе го произведува моделот Aygo. Останува нејасно дали идната трета генерација на мини градските автомобили на Toyota, Peugeot и Citroen ќе се темелат на иста платформа.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK