Toyota и Panasonic заедно ќе развиваат батерии

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонските гиганти Toyota и Panasonic ги здружуваат силите. Овие две компании формираат нова компанија која ќе им конкурира на кинеските ривали во поглед на производството на батерии наменети за електричните возила.

Во заедничката компанија, Toyota има сопственост од 51% додека останатиот дел припаѓа на Panasonic.

Ројтерс пренесува дека ова е стратешко партнерство бидејќи ќе обезбеди батерии за следната фаза од развојот на автомобилскиот гигант. Покрај во возилата на Toyota, овие батерии ќе бидат користени и кај Daihatsu како и пријателските компании Mazda и Subaru.

Инаку батериите за електричните автомобили се најнеопходниот ресурс за автомобилската индустрија, особено по најавената електрификација од многу автомобилски производители.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK