Toyota го менува имиџот – акцентот е на спортски модели

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Toyota во блиска иднина се очекува да претстави неколку нови спортски автомобили, како и моќни верзии на сегашните модели на брендот. Веста ја објави генерлниот директор Акио Тојода, кој смета дека доаѓаат убави години.

Со појавата на новите модели, како новата генерција на купето Supra, на хечбекот Yaris GRMN и Corolla Hatchback, раководните лица на Toyota сакаат да го сменат имиџот на брендот, кој од досаден и надежен прерасна во младешки и современ. Тоа ќе биде доста бавен процес, кој ќе однземе неколку години. Во тој период во понудата на Toyota ќе се појават уште три нови спортски автомобили.

Во изјавите за време на саемот во декември Акио Тојода не посочи какви ќе бидат новите спортски модели на брендот. Тој беше категоричен дека Supra нема да биде последниот автомобил од понудата на Toyota во следните неколку години.

„СУВ и кросоверите се убаво нешто, но на крајот на краиштата нема ништо подобро од спортски автомобил со заден пренос. И затоа ви гарантирам дека Supra нема да биде последниот ваков автомобил на Toyotа, кој ќе го видите“, изјави Тојода.

Според гласините од последните неколку месеци, во компанијата размислуваат за враќање на спортските модели Celica и MR2, но тоа ќе одземе доста време така што поверојатно е прво да бидат претставени новите и помоќни верзии на GT86, Yaris и Corolla. Последниот од нив ќе добие и хибриден агрегат со моќност од над 250 коњски сили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK