Toyota е сега на врвот, Volkswagen падна едно место

ОБЈАВЕНО НА:

Јануари е месецот кога се сумираат продажбите на националните, регионалните и светските азари, па овој месец секогаш е интересен кога е во прашање продажбата на глобално ниво.

Ривалитетот помеѓу Volkswagen Group, Toyota Motors и Renault-Nissan-Mitsubishi Alliance, продолжи и минатата година, а победата ја издвојува Toyota Motors кој е најголемиот светски производител.

Јапонскиот производител на глобално ниво оствари продажба на 9,5 милиони автомобили што е за 11,3% помалку во однос на 2019 година, но сосема доволно за лидерската позиција. Volkswagen Group во текот на минатата година испорача 9,3 милиони возила што е за 15,2% помалку во однос на 2019 година.

Во однос на продажбата на Toyota, првата позиција ја освои благодарение на порастот на продажбата во Кина, и малиот пад во САД.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK