Топ-10 најпродавани брендови за 2018 година

ОБЈАВЕНО НА:

Аналитичката агенција Focus2move го објави рејтингот со најпродаваните возила за 2018 година. Рангирањето е за брендовите на автомобилите и се однесува за првите девет месеци од оваа година. На првото место се наоѓаат јапонските возила Toyota, кои се убедливо на врвот со 6,5 милиони продадени автомобили.

На 2. позиција со продадени 5,22 милиони автомибили се наоѓа Volkswagen, додека првата тројка ја затвора Ford со проадени над 4 милиони возила. Во првата десетка се наоѓаат и: Nissan (3.73 милиони автомобили), Honda (3.70 милиони автомобили), Hyundai (3.27 милиони автомобили), Chevrolet (3.03 милиони автомобили), KIA (2.15 милиони автомобили), Mercedes и Renault (со по 1.93 милиони автомобили).

Она што остава впечаток е дека од таканаречените премиум брендови само Mercedes-Benz се наоѓа во престижната десетка. Големите конкуренти од BMW и Audi се соодветно на 11 и 13 позиција, а меѓу нив се наоѓаат Французите од Peugeot.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK