Тинејџери се сликаа со Ferrari – направија штета од 6.000 долари

ОБЈАВЕНО НА:

Неколку тинејџери се сликаа со Ferrari California, но при тоа направија и штета проценета на 6 илјади американски долари.

Ричард Стрип го паркирал својот егзотичен автомобил во близина на неговите родители во Ел Пасо, Тексас кога деца од околните куќи возбудени од автомобилот направиле неколку фотографии.

Тие направиле неколку фотографии качени на хаубата и покривот, а при тоа значително го изгребале спортскиот автомобил.

Откако Стрип ги забележал оштетувањата веднаш пријавил во полиција и објавил фотографии на неговиот Фејсбук профил. По само неколку часови тој добил приватна порака со Инстаграм профилите на тинејџерите. Еден од родителите му се извинил и ветил дека ќе надомести дел од штетата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK