Тежок период за SsangYong – на чекор до банкрот

ОБЈАВЕНО НА:

Јужнокорејскиот производител SsangYong е на чекор до банкрoт, соопштуваат медиумите во оваа земја.

Портпаролот на компанијата потврди дека производителот поднесе барање за спроведување на постапка до стечај до наделжните институции во оваа земја.

Истата доаѓа откако SsangYong не успеа навремено да ги подмири обврските спрема своите добавувачи.

SsangYong е еден од најстарите јужнокорејски производители. Основан е на 4 март 1954 година, најпрво како производител на камиони, автобуси и други теренски возила. Мнозински сопственик во моментов е Mahindra&Mahindra Limited кој поседува 74,65% од вкупниот број на акции.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK