Tesla со зголемена побарувачка – LG Chem со двојно повеќе испораки на батерии

ОБЈАВЕНО НА:

Од ден на ден значително расте побарувачката на Tesla автомобилите. Оттука и континуираниот раст на производството, а со тоа и продажбата на глобалниот пазар.

Поради ова, Tesla побара од добавувачите да го зголемат производството на деловите и материјалите кои ги доставуваат, а меѓу првите, зголемувањето го објави LG Chem.

Како што пренесува Ројтерс, јужнокорејската компанија веќе го дуплираше своето производство на батериски ќелии во фабриката во Кина и Јужна Кореја. “Продолжуваме да го зголемуваме капацитетот за цилиндрични батериски ќелии со цел да одговориме на барањата на производителите на автомобили” изјави портпаролог на LG Chem.

Оваа компанија инаку, е дел од LG Corporation. Реоснована е во 2001 година, а покрај на Tesla, добавувач на батерии е и на Ford, Chevrolet…

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK