Tesla попушти пред притисокот – ќе повлекува илјадници возила

ОБЈАВЕНО НА:

Сагата околу повлекувањето на Tesla возила иницирана од американската регулаторна агенција NHTSA (National Highway Traffic Safety Administration) конечно заврши и тоа неповолно за Tesla. На крајот, овој производител ќе мора да повлече илјадници возила.

Како што пишуваат американските медиуми, оваа компанија прифати да започне со повлекување на 134.951 возило од моделите S и X, опремени со екран осетлив на допир, а произведени во периодот помеѓу 2012 и 2018 година.

Причината за ова повлекување произлегува од резултатите од истрагата спроведена од страна на NHTSA. По неколку месечна истрага, откриено е дека екраните на допир претставуваат голема безбедносна закана. Истата произлегува од губењето на слика на задната камера, системот за одмаглување и одмрзнување на ветробранското стакло, кои пак може да ја намали видливоста во одредени услви.

Повлекувањето ќе започне на 30 март, а NHTSA иако бара тоа да се случи на 158 илјади возила, Tesla ќе повлече точно 134.951 возило наведувајќи дека останатите немаат проблем бидејќи немаат надограден процесор.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK