Tesla планира нова инвестиција во Кина

ОБЈАВЕНО НА:

Откако пред некоја година ја започна инвестицијата во нова, прва фабрика на Tesla во Кина, сега американскиот производител планира нова инвестиција во оваа земја.

Како што пишуваат американските инвеститори, Маск сериозно размислува третата генерација на суперполначи за електрични возила, именувана како Supercharger V3, да ја произведува во Кина.

Планот е да во постоечката фабрика во близина на Шангај, бидат инвестирани дополнителни 6,4 милиони долари за приспособување на истата за производство на овие полначи. Годишниот капацитет би бил околу 10 илјади полначи, а истите ќе бидат наменети за кинескиот, но и американскиот пазар.

Конечната одлука Tesla треба да ја донесе во првиот квартал следната година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK