Tesla објави тизер од најавуваниот пикап

ОБЈАВЕНО НА:

Во однос на долго најавуваниот електричен пикап, првиот човек на производителот Tesla го претстави тизерот за овој модел.

Од објавената слика и не може многу да се открие околу изгледот, но се претпоставува дека ќе го има истиот дизајнерски јазик како и останатите модели.

Според претходните најави електричниот пикап ќе биде претставен во втората половина оваа година, а овој тизер е само еден во низата најавени што ќе бидат претставени во наредниот период. Конкретно, оваа фотографија Маск ја претстави на церемонијата посветена за новиот модел Y.

Иако нема полно технички детали, сепак според претходните најави и шпекулации со едно полнење на батеријата овој пикап ќе може да помине и до 800 км.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK