Tesla Model Y одличен на тестот „еленски скок“ (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

За разлика од многу модели со мотори со внатрешно согорување кои тешко и едвај го минуваат познатиот тест „еленски скок“ за избегнување на пречки на патот, Y моделот на Tesla покажа голема супериорност.

Овој модел Y неодамна беше тестиран од шпанскиот сајт km77.com и го помина тестот со 73 км/ч (45 км/ч). Ова им даде доверба на рецензентите да ја зголемат брзината за следните возења и во најдобар обид, моделот Y го помина тестот со максимална брзина од 83 км/ч.

Обид беше направен со брзина од 84 километри на час, но електричниот теренец удри во еден од конусите. Сепак и овој резултат е одличен.

Tesla Model Y Performance има два електрични мотори кои произведуваат комбинирана моќност од 456 КС и 631 Nm вртежен момент. Овие мотори ја добиваат силата од литиум-јонска батерија од 75 kWh што му овозможува на автомобилот дострел до 483 км.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK