Tesla Model 3 најпродаван во уште една европска земја

ОБЈАВЕНО НА:

Полека, но сигурно Tesla ја освојува Европа. Не само што автомобилите на овој бренд се меѓунајпродаваните во Норвешка, Данска, Холандија, моделот 3 е најпродаван и во Австрија.

Во оваа централно-европска земја, во март годинава конечно беше остварен позитивен раст на продажбата. При тоа се продадени 29.526 нови втомобили, а пораст од 32,4% е остварен во сегментот на електрични возила.

Со продадени 1.127 нови, најпродаван модел е токму моделот 3 на Tesla со што американскиот производител полека, но сигурно го исполув ацртаниот плн за годинава. Со оваа продажна бројка, моделот 3 сочинува 3,8% од вкупнио пазар, а дека станува збор за повеќе од солидна бројка покажува дека најблискиот конкурент ID.4 на Volkswagen стигна до бројката од 429 продадени примероци.

Изненадувачки е што на втората позиција со продадени 873 примероци се наоѓа Fiat 500, кој покрај Ford Puma и Tesla Model 3, се единствените на листата топ 10 најпродавани модели во Австрија кои не доаѓаат од Volkswagen Групацијата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK