Tesla ќе нуди поевтин модел за Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Tesla додаде поприфатлива верзија на својот компактен кросовер Model Y во Европа, намалувајќи ја цената на популарниот модел. Почнува од околу 50 илјади евра, во зависност од државата во која го нарачувате автомобилот.
Standard Range пристигнува со погон на задните тркала и може да помине околу 455 километри со едно полнење, тврдат од американската компанија.

Поевтината верзија е веќе достапна во конфигураторот како основна и се разликува за околу 16 илјади евра пониска цена од верзијата Long Range. Таа може да помине околу 530 километри со едно полнење.

Максималната брзина за двете верзии е 217 km/h, но за верзијата со погон на задните тркала и помала батерија, забрзувањето до 100 km/h трае 6,9 секунди.

Тесла до сега практично понуди само една варијанта на Model Y, но со различен софтвер. Европската гама на Model Y досега имаше верзија со долг дострел и перформанси, кои во суштина користат ист мотор и батерија, но со различен софтвер кој отклучува подобро забрзување и некои други опции.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK