Tesla ги зголемува цените на автомобилите

ОБЈАВЕНО НА:

Трговската војна помеѓу САД и Кина ги зеде првите жртви. Кинеските авто компании кои целеа кон освојување на американскиот пазар ги одложија плановите за извоз, а Tesla пак, ги зголеми продажните цени на своите автомобили во Кина.

Ова зголемување доаѓа откако се зголемија царините за увоз на американски производи во Кина кои ги воведе владата на оваа земја како одговор на зголемените царини воведени од страна на администрацијата на Доналд Трамп.

Цените се зголемија и за 20-тина проценти. Така моделот X чинеше 117 илјади долари, а сега се продава по цена од 140 илјади долари. Зголемување има и кај останатите модели, моделот S и моделот 3, но овие цени ќе бидат аплицирани во текот на септември кога и официјално ќе започнат да важат царините.

Во случај да не се надмине трговскиот спор на релација САД – Кина, овие цени на Tesla автомобилите ќе се задржат се до почнувањето на работа на фабриката во Кина која во моментов е во фаза на изградба. Со пуштање на истата, Tesla ќе ги заобиколи додатните царини бидејќи во тој случај автомобилите ќе излегуваат како кинески производ.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK