Tesla ги враќа парите на сопствениците на Model S

ОБЈАВЕНО НА:

Благодарение на големите државни субвенции, Норвешка беше една од првите земји во кои производителите на електрични автомобили се стекнале со значајно пазарно учество. Првиот успех во скандинавската земја сега исто така создаваат проблеми на пионерот на електрични автомобили Tesla.

Како што известува норвешкиот Nettavisen, повеќе од 30 купувачи на Model S и X од 2013 до 2015 година со батерии и сила од 85 kW со одлука од судот од Tesla добиле по 13.300 евра отштета поради помал капацитет на батеријата и помалку сила на полнење после задолжителната надоградба на софтверот.

Погодените купувачи на Tesla во Норвешка се пожалиле до Одборот за арбитража кон крајот на минатата година за влошување на капацитетот на батеријата и брзината на полнење. Американскиот производител не ги коментираше наводите и затоа е осуден на крајот од април, да плати по 13.300 евра по возило. Тестовите покажаа дека ажурирањето на софтверот довело до подолго време на полнење и смалување на капацитетот на батеријата. Ажурирањето на софтверот се правдаше со заштита на батеријата и обиди за зголемување на нивнта долготрајност.

Слични случаи се случија во Норвешка и во 2016 година кога 132 купувачи на Model S примија оштета во износ од неколку илјади евра поради неточни податоци за перформансите.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK