Tesla Cybertruck надмина 600.000 резервации

ОБЈАВЕНО НА:

Само неколку недели по премиерата на модел Cybertuck, Маск изјави дека за овој модел пристигнале преку 150.000 нарачки. Со ова, овој модел стана во најпобаруваните возила.

Сега, иако уште не влезен во сериско производство, на адреса на Tesla се пристигнати преку 600 илјади нарачки.

Како што пишуваат американските медиуми, во просек, на дневна основа на адресата на американскиот производител пристигнуваат по околу илјада резервации од потенцијалните купувачи. При тоа, сите тие имаат уплатено и по 100 долари.

До 30 март пристигнати се точно 622 илјади резервации, а овој податок го објави и Cybertruck Owners Club, клуб основан за вмрежување на идните сопственици на овој теслин модел.

Топ-10 земји со најмногу (пред)нарачки за Tesla Cybertruck

1. САД (76.25%)
2. Канада (10.43%)
3. Австралија (3.16%)
4. В.Британија (1.39%)
5. Норвешка (1.11%)
6. Германија (1.05%)
7. Шведска (0.83%)
8. Холандија (0.67%)
9. Франција (0.44%)
10. Исланд (0.44%)

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK