Таксистите во Македонија лани поминале 51.365.000 километри

ОБЈАВЕНО НА:

Државниот Завод за статистика на Република Македонија ги објави официјалните податоци за превозот на патници за 2020 година. При тоа, минатата година се превезени 11.083.000 патници од кои 10.404.000 во градскиот превоз, а 679.000 во меѓуградскиот превоз.

Во соопштението на ДЗС се наведува дека 1.860 патнички автомобили за превоз на патниците поминале 51.365.000 километри, од кои 45.554.000 километри во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се остварени 5.811.000 километри.

Најголем дел од превозот е направен со возила опремени со дизелски агрегати. Така минатата година за превоз на патници се потрошени 3.002 тони дизел, 2.197 тони автогас и 231 тон бензин.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK