Зошто во лето има најмногу сообраќајки?

ОБЈАВЕНО НА:

Според некое непишано правило најголемиот број на сообраќајни несреќи се случуваат во текот на летото, а главната причина за тоа е фактот дека во текот на ова годишно време на патиштата има најмногу различни возила, што со непочитувањето на сообраќајните прописи и неодговорноста на возачот неминовно предизвикува трагични последици.

Во текот на летото на патиштата има голем број на автомобили и мотоцикли, домашни и странски регистрации, а луѓето патуваат на годишни одмори, на летување или се враќаат од истите. Покрај тоа тука е и зголемениот број на автобуси со туристи.

Обично сите некаде брзаат возејќи значително побрзо отколку што е дозволено, а при големи брзини постои поголема можност за сообраќајни несреќи. Мора да се има предвид и фактот дека често на некои патишта има и земјоделски машини, кои често не се прописно опремени со потребната светлосна сигнализација.

Истражувањата покажуваат дека поголемиот дел од возачите и луѓето воопшто не се свесни за опасностите кои им се закануваат на патот. Покрај тоа ги преценуваат своите можности и многу често не ги почитуваат сообраќајните прописи и сигнализацијата. Оттаму сосема е јасно дека и најмала грешка на возачот, неисправноста на возилото или непредвидливата ситуација може да биде причина за трагедија.

Од овие причини во најсовремените автомобили се вградува дополнителна опрема како ограничувач на максималната брзина, сензор за одржување на безбедносно растојание меѓу возилата и управувачки систе за одржување на правецот на движењето, кочење и паркирање, со што се „одземаат компетенциите на возачот“ во областите кои тие често ги злоупотребуваат или се однесуваат неодговорно кон нив.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK