Зошто Јапонците изнајмуваат возила, а не ги возат?

ОБЈАВЕНО НА:

Кога изнајмувате автомобил тоа обично го правите бидејќи сакате да стигнете од точка А до точка Б. Ова, сепак, не е ситуација во Јапонија, како што соопштуват компаниите за наем на возила или таканаречените Carsharing. Од информациите произлегува дека во Земјата на изгрејсонцето сè повеќе возила се плаќат, но после се вратени без поместување на километражата.

„Немаме претстава како ги користеле нашите возила. Единственото нешто што го знаевме беше дека многу луѓе ги земаат автомобилите без притоа да ги возат“, вели портпаролот на Орикс.

За да дознаат што точно се случува неколку компании одлучиле да направат анкета меѓу нивните клиенти. Резултатот зборува за динамичниот градски живот. Клиентите воопшто не сакале да се движат. За нив автомобилот под наем е најудобниот и најбрзиот начин за да најдат „место“ во градот.

Еден од клиентите рекол дека ги изнајмува автомобилите за да го основа своето работно место. Друг го користи автомобилот како шкафче и ги собира таму личните работи. Трет, пак, не можел да најде место во блискиот ресторан и ангажирал автомобил за да јаде пакувана храна, која што ја купил од маркет. За некои луѓе, тоа беше исто така одлична можност за да одморам и отспијат извесно време.

Компанијата за наем на автомобили TT Docomo открива во сопственото истражување дека секој осми користик изнајмува возило со цел која се разликува од транспорт.

„Луѓето изјамуваат автомобили за да гледаат телевизија без да бидат вознемирувани или дури да вежбаат англиски јазик“, информираат од компанијата.

Интересно е дека бројот на нестандардни корисници расте. За компанијата тоа е проблем бидејќи во Јапонија тарифирањето за оваа услуга се фомира врс основа такса плус извозеното растојание.

Овој систем е поврзан со постојаното преоптоварување на патиштата низ Јапонија. Во Германија на пример, надоместокот се пресметува на времето поминато во возилото, а не поминатата дистанца.

Ако автомобилот во Јапонија не се движи, изнајмувањето го чини корисникот само основна такса. Соодветно на тоа, додека возачот спие или работи на неговиот лаптоп, сопственикот не добива ништо. Покрај тоа, многу клиенти го палат моторот на место поради греење во зимски услови или ладење преку лето.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK