Зошто Јапонците ги продаваат автомобилите секоја трета година?

ОБЈАВЕНО НА:

Најголемиот дел од Јапонците возат нови автомобили, а ваквото мислење е формирано поради фактот што даноците на старите возила се неоправдано високи. Според други, верзијата е дека Јапонија толку има напреднато во технологијата што жителите нема како да се возат во архаични автомобили постари повеќе од три години. Која е причината за толку чесотто менување на автомобилите од страна на Јапонците објаснува Русинот Алексеј Руснакович кој ги пренесува искуствата од живеењето во оваа земја.

На првото место купувањето на автомобил во Јапонија е поврзано со редица на услови. Купувачот е должен да го потврди документот доколку е достапен со паркинг во радиус од 2 километри од домашната адреса.

Размерот на годишниот данок зависи не од годината на производство на автомобилот туку од обемот на моторот. За мотори со капацитет до 1.0 литар тоа е 29.500 јени (245 евра). Ако работниот обем е меѓу 2.5 и 3.0 литри данокот скока на 51.000 јени (424 евра), а меѓу 4.5 и 6.0 литри на 88.000 јени (732 евра). За автомобили кои се со старост над 13 години се плаќаат дополнителни десет проценти, но оваа сума едвај може да го принуди Јапонецот да го смени стариот за нов автомобил.

Вистинската причина за брзиот „пресврт“ на автомобили во Јапонија пректично се темели на тамошниот систем за технички надзор наречен „шакен“. Освен да ја проверува исправноста на моторите на превозните средства со обем на моторот над 250cм3 и таа треба да утврдува незаконски модивикации. Се покажа дека „шакен“ функционира и како економски стимул за купување на нов автомобил.

Лесните и таканаречените „кеј“ автомобили со законски стандардизирани размери и карактеристики на мотор подлежат на прв преглед три години после купувањето. После ова „шакен“ ќе проверува на секои две години, а тоа задоволсво не е никако евтино.

Сопственикот на автомобилот ќе треба да плати државни давачки – данок на тежина, задолжително осигурување за две години однапред и фиксна такса за обработка на документацијата. Прегледот се плаќа одделно, исто како и другите давачки за автомобилот за редовен сервис и ремонт.

Според ова цената на „шакен“ лесно може да стигне и до 100.000 јени (832 евра). Тоа е причина за многу Јапонци да претпочитаат да купат нов автомобил уште пред истекувањето на првиот технички преглед за да не го оптоваруваат својот буџет со непотребни давачки.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK