„Жолти елеци“: Французите уништиле половина од камерите за брзина на патиштата

ОБЈАВЕНО НА:

Министерството за внатрешни работи на Франција одлучи да повлече дури 60 проценти од камерите за контрола на брзината на патиштата откако беа дел од напади. Најчесто камерите биле прскани со спреј, лепени со трака  или, пак, на нив биле ставани ќеси во боја. Сепак, имало и далеку побрутални вандалски напади.

Според податоци на BBC во земјата биле инсталирани 3200 камери за контрола на брзината, а најмалку 1920 од нив повеќе не се во функција од една или од друга причина. Масовните напади се припишуваат на „Жолтите елеци“ кои веќе неколку месеци протестираат низ цела Франција.

Гневот на Французите делумно се насочил кон камерите и поради одлуката на Владата на Франција да ја намали максималната дозволена брзина на голем дел од патиштата од 90 на 80 км/ч.

Протестите на „Жолтите елеци“ почнаа поради растот на цените на горивата, но наскоро барањата се зголемија многу повеќе и сега се насочени кон соборување на претседателот Емануел Макрон од власта во обид да се смени целиот систем.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK