Затворски казни за луди Црногорци што престигнуваат во тунел (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Црногорската полиција им покажа на сите оние што возат лудо, брзо и неодговорно по патиштата во нивната земја дека им следуваат дури и затворски казни. Дури 25 затвор доби еден возач од Бар кој во тунел возел над дозволеното, а притоа и престигнувал возила што е строго забрането.

Можеби повторно како и многу пати досега ваквото однесување ќе останало неказнето, но возачот за своето „јунаштво“ се пофалил на социјалните мрежи со видео. Од друга страна и видео камерите во тунелите го регистрирале неговото „диво возење“ и лесно бил најден според регистарските таблички на возилото.

Tunel Sozina #voziteoprezno

Публикувахте от Podgoricki vremeplov в 30 август 2017 г.

Покрај затворската казна тој ќе треба да плати и 450 евра. Полицијата бара во иднина да може да казнува построго за ваквите прекршоци со цел да се намали бројот на несовесно однесување на патиштата.

Во Црна Гора дозволената брзина во населени места- за сите возила е 50 км на час Надвор од населени места, Автомобили, моторцикли на брзи патишта – 100 км на час; – останати патишта 80 км на час –

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK