Зaбрaнијa рeклaмa нa VW поради ceкcизам (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Службата за рекламни стандарди од Велика Британија (Аdvеrtising Stаndаrds Аuthоrity, АSА) го забрани емитувањето на рекламата на Vоlkswаgеn е-Gоlf со оправдување дека ја омаловажува улогата на жените во современото општество.

За неколку дена емитување поради видеото биле добиени три поплаки и регулациската комисија стигна до изводот дека се навредува понежниот пол. Емитувањето на рекламата им противречи на новите побарувања кон средствата за масовни информации.

Во јуни во Велика Британија на сила стапи нов закон, кој не дозволува демонстрација на полови стереотипи на екранот. Според мислење на АSА Vоlkswаgеn ги покажува мажите како авантуристи, спортисти и астронаути, додека на жените им се дадени доста попрозаични дејности како приготвување на сендвичи, перење на гаќи и грижа за децата.

Компанијата од Германија ги отфрла обвиненијата за сексизам со тврдењето дека дамите исполнуваат „не помалку важна и помалку сложена работа од мажите во вселената“. Од АSА ги немаат добиено овие аргументи и Vоlkswаgеn најверојатно ќе треба да сними нова реклама за електричниот Gоlf.