Заборавил дека не е дома: Германец возел 249 км/ч. – во Швајцарија

ОБЈАВЕНО НА:

Познато е дека на некои делници во Германија нема ограничување на брзините, па таму не се мери брзината – вози кој колку може. Но, на добар дел од автопатиштата има ограничувања, а тоа е сосема нормално во други земји. Но, секогаш дисциплинираните Германци за момент заборавиле дека кога се надвор од државата мора да ги почитуваат правилата.

Така 34-годишен Германец, кој живее во близина на Базел, возел на патот кај Боденско Езерото со брзина од 249 км/ч. што е двојно повеќе од дозволените 120 км / ч. Полицијата му ја одзела возачката дозвола на самото место, го запленила автомобилот и го одвела возачот во притвор.

Пребрзото возење во Швајцарија се третира како кривично дело, а не прекршпчно и предвидени се затворски казна од една до четири години.

Во Швајцарија, износот на парични казни зависи од приходот на сторителот.

Во 2014 година, еден германски државјанин бил фатен со брзина од 200 км/ч во тунелот Готард, по што бил осуден на 30 месеци затвор.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK