Заборавете го Audi како што го знаете: Отсега сите модели со нови ознаки

ОБЈАВЕНО НА:

Наскоро сите модели на Audi на пазарот ќе доаѓаат со нови ознаки, и тоа во осум сегменти што на одреден начин ќе сугерира што всушност се наоѓа под поклопецот на моторот. Новите ознаки ќе се базираат на излезната моќ во киловати според шемата на означување што ја има подолу објаснето.

На овој начин ќе се означуваат и сите модели на електричен погон. Така наместо досегашната ознака 3.0 TFSI, сега истиот модел ќе биде означен како 55 TFSI. Промената ќе тргне од овој месец, а би требало да заврши до крајот на 2018 година. Целта е постигнување на едно глобално означување на двигателите со внатрешно согорување, хибридите и електромобилите.

Новата ознака ја покажува моќноста во киловати. Гамата на модели ќе биде поделена на степени на моќност – во комбинација од два броја, кои на пет степени ќе ja покажат моќност од 30 до 70.

Еве како тоа изгледа:
AUDI 30 = 109-128 ks (81-96 kW)
AUDI 35 = 147-160 ks (110-120 kW)
AUDI 40 = 167-201 ks (125-150 kW)
AUDI 45 = 226-248 ks (169-185 kW)
AUDI 50 = 281-308 ks (210-230 kW)
AUDI 55 = 328-368 ks (245-275 kW)
AUDI 60 = 429-455 ks (320-340 kW)
AUDI 70 = 536+ ks (400+ kW)

Така на пример “30” на задниот дел ќе се однесува за моделите со моќност од 81 до 96 kW. “45” ја означува моќност од 169 до 185 kW. Максимумот (над 400.) ќе се означи со бројот “70”.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK