За Русите ова е најмашкиот бренд меѓу автомобилите

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилите на Subaru имаат највисок процент на машки сопственици, а овие податоци се доставени од страна на руска аналитичка агенција. Дури 180.000 лица на возраст од 18 до 65 години имаат автомобили од оваа компанија, а бројките велат дека 95,1% на сопственици на возилата од јапонскиот бренд се мажи.

На второто место на најмашки брендови се наоѓа Jeep. Едвај 5,4% од сопствениците на овие возила се жени. На 3. место следува Тoyota со 94,2% сопственици мажи, а во првата петка се и Infiniti (93.4%) и Honda (92.9%). Во Топ 10 влегуваат и УАЗ (92.4%), Lexus (92.2%), Mitsubishi (92%), Mercedes-Benz (91.4%) и Volvo (91.3%).

Истрагата е спроведена меѓу 2015 и 2018 година, а предвид се земени само брендови со над 300 сопственици. Резултатите велат дека немало споредба во однос на мажите и жените, а бројките се 90,4% спрема 9,6%.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK