За поминати 645.000 километри сервисот за Teslа Model X чинел 29.000 долари

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Tesloop се занимава со рентање на автомобили или такси возење во делот меѓу Лос Анџелес, Сан Диего, Палм Спрингс и Лас Вегас. За таа цел користи само електрични возила на Tesla, а неодамна продаде Model X 90D со повеќе од 645.000 поминати километри во период од четири години.

Сопственикот на Tesloop, Хајдн Сонард сподели податоци за сервисната книшка на автомобилот со јавноста. Вкупниот трошок за сервис е 29.000 долари што е малку, ако се земе предвид бројот на поминати километри. На порталот јalopnik.com, на кој е објавена приказната пресметале дека тоа е само седум центи по мината милја што не е воопшто многу.

Што е менувано? Двапати компресорите за клима уредот, што е и логично (топло поднебје и голема километража). Плочките на сопирачките и дисковите се заменети двапати. На едната од вратите се расипала рачката (промената чинела 100 долари. На 600.000 километри е заменет мултифункционалниот екран кој се расипал.

Некој од корисниците на сила ја затворил вратата на делот за полнење со електрична енергија и замената чинела 1.500 долари. Батеријата бесплатно е сменета некаде на 500.000 километри и тоа поради фактот што на борд компјутерот покажувала погрешен опсег. Имено, Model X останувал без струја, а борд компјутерот покажувал дека има енергија за уште 50 милји…

Замената денес би чинела 15.000 долари и таа значително би ги зголемила трошоците за одржување на Model X. Во време кога е купен Model X произведувачот на сопствениците им давал неограничена гаранција на батериите, а денес таа е, сепак, ограничена на околу 235.000 километри.

Заклучокот на Сонард е следниот:

„Одржувањето е навистина евтино, а посебно е пристапно сè некаде до 300.000 минати километри. Потоа почнуваат поголеми проблеми“.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK