За поголема безбедност: Toyota ги понуди бесплатно на користење виртуелните кукли за краш-тест

ОБЈАВЕНО НА:

Повеќе безбедност на патиштата е целта која компанијата Toyota ја следи во последните години. Сега брендот дава пример со тоа што своите виртуелни кукли за краш-тестови ги направи достапни слободно.

Од јануари 2021 година таканаречениот  THUMS (Total Human Model for Safety) може да се користи бсплатно од сите заинтересирани. Софтверот, развиен во соработка со Toyota Central R&D Labs, помага за анализирање и прогнозирање на човечките повреди, причинети од инциденти и судири на превозни средства. Симулациите ги земаат предвир разликите во полот, возрста и типот на телото.

„Со шестата генерација на THUMS, кој беше претставен во 2019 година, различни пози и човечки органи можат да бидат репродуцирани уште подобро, вклучувајќи го и мозокот и мускулите. Во споредба со физичките кукли за краш-тестови, повредите можат да бидат анализирани подетално бидејќи виртуелните модели можат да бидат оформени поточно. Како дополнување, подетални тестови се можни за пократко време и со пониска потрошувачка за развој“, стои во соопштението.

Повеќе од 100 автомобилски производители, доставувачи, универзитети и истражувачки институти низ целиот свет веќе користат THUMS. Виртуелните модели помагаат за натамошниот развој на технологиите за безбедност, како што се безбедносните ремени, воздушните перничиња и конструкциите на превозни средства, кои исто така влијаат на ризикот од повреди на пешаците. Независните организации за тестирање на несреќи во моментов го оценуваат користењето на THUMS во идните оценки на безбедноста на превозните средства.

Со бесплатната достапност во иднина уште повеќе развивачи ќе имаат достап до модерниот софтвер, а користенњето нема само да ја зголеми безбедноста на патот. Корисноста на самиот софтвер исто така може да се зголеми затоа што корисниците можат сами да направат подобрувања во нивните виртуелни модели и да ги споделуваат резултатите со други колеги.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK