VW се пофали: Нашите батерии ќе издржуваат исто колку и автомобилите

ОБЈАВЕНО НА:

Акумулаторите со кои ќе се опремува идната електрична палета на возила на Volkswagen, ќе задржуваат минимум 70% од почетниот капацитет во период од осум години или 160.000 километри. Ова беше објавено од шефот на центарот за усовршување на батериите на компанијата, Франк Бломе.

За да се продолжи животот на струјните елементи, Volkswagen ќе им препорача на сопствениците да го ограничат користењето на брзи полначи и да не ги полнат акумулаторите на повеќе од 80%. Според Бломе тоа ќе биде „доволно“ бидејќи повеќето од патувањата се кратки и обично се поврзани со одење на работа или на пазар.

Менаџерот тврди дека електричните „фолксвагени“ од семејството ID ќе можат да поминуваат до 550 километри со едно полнење, а цените ќе бидат „достапни“. Во октомври минатата година Томас Улбрих, кој е член на бордот на директори, изјави дека возилата на струја ќе чинат исто колку и дизел автомобилите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK