Возило од 3D-принтер за помалку од 8500 евра (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата X Electrical Vehicle од Хонг Конг објави дека почнува со сериско производство на градски двосед електромобил, кој е изработен со помош на тридимензионален печатач. Продажбите на LSEV ќе почнат во април следната година, а основната цена за Европа нема да биде над 8.500 евра.

Електромобилот кој е испечатен на 3D принтер е долг 2,5, широк 1,3 и висок 1,5 метар. Тежи 450 килограми и развива максимална брзина од 70 км/ч. Од X Electrical Vehicle не даваат информација со каков капацитет е батеријата, но тврдат дека со едно полнење можат да се поминат 150 километри.

Секој LSEV може да биде испечатен за околу три дена. Технологијата за тродимензионален печат им дозволува на конструкторите да го намалат бројот на деталите од кои се изработува електромобилот и тоа до 40-60 место 2.000 колку што е вообичаено за обично лесно возило.

X Electrical Vehicle планира да произведува по 20.000 LSEV годишно. Кинезите тврдат дека веќе успеале да пронајдат купувачи за 7.000 возила и тоа од Европа. За овој електромобил најголем интерес имало од поштенските служби.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK