Возилата на BMW добиваат нов модерен интерфејс

ОБЈАВЕНО НА:

BMW Group по повод учеството на Digital Day 2018 ги откри новите детали околу она што може да се очекува од дигиталната иднина на компанијата.

Заедно со објавувањето на интересните новости како подготвеноста да се воведе 5G интернет, вештачката интелигенција во системите за автономно управување и комбинирана реалност во разработката на новите автомобили, од BMW Group открија и дел од визијата за следниот интерфејс – BMW Operating System 7.0, кој ќе биде во опремата на следните автомобили од BMW.

Од баварската компанија не навлегуваат во детали, но коментираат дека новата борд контролен систем ќе биде целосно дигитеален и исклучително совршен и ќе биде изработен така што ќе одговара на барањата на корисниците.

При воведувањето во употреба на BMW Operating System 7.0, корисниците ќе имаат борд систем на четири начини: со докажаниот исклучително успешен iDrive Controller, со гласовна контрола, со гестикулации и преку површина чувствителна на допир.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK