Вози Audi A3 G-tron за само 0,035 евра по километар

ОБЈАВЕНО НА:

Audi ја модернизираше својата метан верзија на A3, која веќе има нов мотор, со повеќе моќ и дополнителен резервоар за течен природен гас.

Со додавање на уште едно челично шише во хечбекот можат да бидат вчитани вкупно 18 килограми метан кои се доволни за да се вози 400 километри.

Пресметан во пари при цена на природниот гас од околу 0,78 евра, потрошувачката од 4,5 килограми на 100 килограми значи 0,035 евра по километар, иако од Audi декларираат уште пооптимистичка консумација од 3,5 килограми на 100 километри.

Дополнителен плус се 25% пониски емисии на јаглерод диоксид во споредба со бензиновите модификации.

Стариот 1,4-литарски мотор на A3 G-tron го отстапи местото на 1,5-литарскиот TFSI со моќност од 131 место претходните 110 коњски сили.

Кога метанот во шишињата завршува системот автоматски се префрла на бензин со кој можат да бидат изминати уште 160 километри.

Основната цена на Audi A3 G-tron во Германија е 30.600 евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK