Возачите заштедија време во сообраќајниот метеж поради пандемијата

ОБЈАВЕНО НА:

Наметнувањето на ограничувања во патувањето во повеќе делови низ светот, времето кое возачите го одделуваат низ секојдневниот метеж е значително намалено. Проучувањето организирано од британската лизинг компанија Vаnаrаmа, покажа колку возачите успеале да заштедат поради пандемијата во најоптоварените градови во светот.

Врз основа на податоци од навигациските системи, возачите од Њу Делхи, Индија, имаат најголема корист од пандемијата, а се работи а вкупно 79 часа од март до јули годинава, што е повеќе од три дена.

Во Париз возачите заштедиле 69 часа, додека во Сао Пауло бројката е 63 часа.
Жителите на Њујорк заштедиле 58 часа од слободното време благодарение на пандемијата, додека возачите од Лос Анџелес вкупно 43 часа.

Недостатокот на вообичаеното движење исто така покажува невиден ефект над квалитетот на воздухот бидејќи облакодерите останаа неочекувано чисти воградот. Сепак, истражувачите забележуваат дека сообраќајниот метеж е веќе зголемен за 17% од јули досега.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK