Возачите сè повеќе сакаат бензинци

ОБЈАВЕНО НА:

Истражувањето направено од страна на асоцијацијата на производители на автомобили во Европа, АСЕА, покажа дека луѓето купуваат главно автомобили на бензин. Скандалот, наречен „Дизелгејт“ се одрази многу сериозно на продажбите на дизел автомобилите и нивниот пад станува сè поочигледен.

Од друга страна електрифицираните превозни средства се продаваат повеќе, но во Европа тие сè уште не се фактор бидејќи претставуваат малку над два проценти од пазарот. Поттикнувањето на луѓето да купуваат „зелени“ автомобили и одрекувањето на дизел возилата доведе до тоа Европјаните да почнат да купуваат сè повеќе возила на бензин.

Статистиката може да се види и на таблицата за тоа какви автомобили се продадени во второто тримесечие на 2018 година. Од таблицата се гледа дека бензинците се над 60%. Тие се следени од дизел автомобилите, но нивниот дел е намален драстично, за 31,3%. На елетронските и  хибридните автомобили им паѓа дел од малку над 9%.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK