Volvo XC90 и XC60 со највисока оценка за безбедност на патот

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилите Volvo XC90 и XC60 добија највисока оценка за безбедност на патот во тестот на Американскиот институт IIHS.

XC90 доби максимална оценка, Top Safety Pick +, додека XC60 беше награден со Top Safety Pick, соопшти IIHS. За да се добие награда од краш тестовите, автомобилот треба да достигне високи оценки на шест тест ситуации, вклучително за пасивна и активна безбедност и заштита при судирот: при фронтален судир со три степени на преклопување – ниско, средно, одлично, при страничен удар, отпорност на покривот на автомобилот и дизајн на на потпирачот за глава на патниците. Исто така автомобилот треба да добие високи оценки како да се спречи фронтален судир со друг автомобил, но и да биде удрен пешак.

За да се постигне максимална точност при оценување на безбедноста на автомобилите, кон шестте категории од IIHS додадена е и ефективноста на светлата. И двете варијанти, понудени на XC90, добија висока оценка, што го квалификува моделот со највисоко одликување.

За оценката за спречување на ПТП со несреќи со пешаци, автомобилите се оценуваат со три сценарија, симулирајќи возрасен пешак, кој го пресекува патот од непречена позиција, дете, пресекувајќи го патот меѓу два паркирани автомобили и возрасен кој оди паралелно на патот, завртен со грб на возилата, велат од IIHS. Двата краш теста се спроведуваат при 20 км/ч и 40 км/ч, а паралелниот тест при 40 км/ч и 60 км/ч.

И двата СУВ се нудат со стандардниот Volvo систем за избегнување на фронтален судир, City Safety, и добија одлична оценка при сите тестови со пешаци.

XC90 е првиот модел на Volvo, добија награда за најбезбеден автомобил во 2020 година. Други два модели на Volvo, XC40 и S60 добија награди Top Safety Pick порано годинава соопштија од институтот.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK