Volkswagen ветува 36.000 EV полначи низ Европа до 2025 година

ОБЈАВЕНО НА:

Преминувањето на електрична мобилност е нешто што не се случува „преку ноќ“, а тоа гигантите на автомобилската индустрија меѓу кои е и Volkswagen го знаат одлично. Сепак, најголемиот производител на автомобили на стариот континент сака на сите начини да ја забрза транзицијата кон електрична мобилност.

Првиот чекор кон побрза транзиција е производството на електрични возила кои се бројат во милиони. Секако, такво нешто мора да следи и вложување во инфраструктурата. Имено, залуден е големиот број на електрични автомобили, доколку нема место на кое можат тие да се полнат.

Од овие причини групацијата Volkswagen планира до 2025 година на тлото на Европа да инсталира преку 36.000 полначи. Од тие 36.000 полначи, 11.000 ќе се најдат во Volkswagen. Тие ќе бидат инсталирани во фабриките на германскиот производител, но и во салоните во големите градови.

За да успее во оваа мисија, Volkwagen ќе инвестира околу 250 милиони евра. За почеток ќе бидат инсталирани 4.000 почнали за вработените во компанијата, а многу од тие полначи ќе бидат достапни и за јавноста. До 2020 година ќе бидат инсталирани околу 2.400 полначи на поважните патишта и автопатиштата низ Европа.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK