Volkswagen прави автомобил со правоаголен волан!

ОБЈАВЕНО НА:

Германците од Volkswagen покажаа скици од големиот електричен кросовер, кој ќе го носи името ID. Roomzz.

Иновацијата ќе дебитира на саемот во Шангај и судејќи по фотографиите ќе рсполага со иструмент табла во таканаречениот минималистичен стил.

Уредите ќе бидат целосно електронски, а формата на воланот нема да биде кружна.

Концептот е навестување за неодамнешната појава на полноразмерен електричен кросовер, кој ќе импресионира со ново ниво на склопови и материјали, како и со раслично расположение на патниците.

Нивото на автономија на возилото ќе биде четврто од максималните пет. Тоа ќе биде почеток на стратегијата на VW за десет години да пушти 70 целосно електрични модели.