Volkswagen ќе oткупува и нови дизелски автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

По примерот на BMW, и Volkswagen одлучи да почне со програма за откупување на нови дизел автомобили, а условите за да се случи вакво нешто се неколку и треба да се исполнат некои услови.

Станува збор за откупување на нови возила или на автомобили коишто се стари до една година. Ако тие се најдат под некаква забрана за движење во Германија поради ограничување на дизел автомобилите тогаш производителите ќе се погрижат да им помогнат на клиентите.

Ќе има предлог до сопствениците да го вратат возилото и да го замент со друго, кое одговара на рестрикциите во соодветниот град или регион.

Новата гаранција ќе биде валидна исто така и за возилата коишто ќе бидат купени од 1 април до крајот на годината. Во следните три години тие ќе можат да ги користат овие услуги.