Volkswagen и PSA Grоup ќе ги укинат најмалите модели

ОБЈАВЕНО НА:

Големиот пораст на популарноста на СУВ возилата и на кросоверите турна одредени градски модели на маргините, а особено оние најмалите. Според последните податоци уделот на моделите од А-сегментот во поголемиот дел од земјите во Европската унија падна на нешто помалку од седум проценти. Со тој проблем веројатно први ќе се зафатат Volkswagen i PSA Group.

Иако уште нема официјална потврда, сè поизгледно е дека Volkswagen up!, Peugeot 108 и Citroën C1 ќе заминат во историја бидејќи толку намалената побарувачка не нуди никаква финансиска исплатливост.

Дополнителна отежнувачка околност се и новите директиви од Европскаа унија кои би можеле да прогласат еден куп активни безбедносни системи како задолжителна опрема. Кај најмалите и најевтините модели тие системи се наоѓаат на пописот на дополнителна опрема. Во прилог не им одат ниту сите построги еколошки норми, па во најевтините модели повеќе не можат да се користат мотори од постарата генерација туку е потребно вградување на технолошки софистицирани.

Volkswagen прв призна дека најевтините модели ќе поскапат најмногу поради веќе наведените причини. Според проекцијата на компанијата Volkswagen up! би можел да поскапи дури 3500 евра, додека цената на моделот Polo би скокнала за 4000 евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK