Volkswagen Golf R ќе има 328 KС

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот Volkswagen Golf R ќе биде претставен кон крајот на оваа година. Golf R ќе биде еден од посуптилните хечбек возила и нема да се разликува многу од Golf R-Line.

Тркалата ќе бидат нешто поголеми на овој модел, а интересно е и тоа дека предниот и задниот браник се нешто поголеми. Задниот е интегриран со пар издувни цевки.

Што се однесува до внатршеноста, кабината е слична на онаа во стандардниот Golf и се издвојуваат спортски седишта со ознаката R.

Неодамна беше објавено дека Golf R ќе се напојува со енергија од EA286 2.0-литарски четирицилиндричен бензин мотор кој се наоѓа и во новиот GTI модел, но место 242 ќе има дури 328 коњски сили. Максималната брзина ќе биде околу 250 км/ч.

Сите со нетрпение очекуваат да видат што ќе излезе од „кујната“ на VW

Следете не и на:

24AUTO NETWORK