Volkswagen го претстави Transporter T6.1 Sportline

ОБЈАВЕНО НА:

Англискиот оддел на Volkswagen ги откри првите детали за новата специјална верзија на Transporter T6.1, кај кој основиот акцент е подинамичниот изглед на мултифункционалниот модел.

Со основна цена од малку под 43.000 фунти, Volkswagen Transporter T6.1 Sportline, достапен во стандардна и долга основа и во лесна и во патничка верзија, се разликува од другите варијанти на моделот со уникатен преден браник, нов заден спојлед, 18-инчни алуминиумски тркала, предна решетка со GTi типичен црвен акцент и други.

Volkswagen Transporter T6.1 Sportline исто таа добива изменета суспензија, со која растојанието на автомобилот од патот се намалува за 30 мм, ентериерот со кожен тапацир Nappa, специјален шев на седиштта, диполнително затемнети (90%) задни стакла при порачка на Sportline Black Edition, предни седишта со греење, дигитален кокпит, адаптивна круз контрола, камера за рикверц, автопатски фарови и други.

Transporter T6.1 Sportline е опремен со дволитарски TDI турбодизелов мотор со максимална моќност од 204 коњски сили, кој е комбиниран со роботизиран DSG менувач. Во оваа конфигурација, многуфункционалниот автомобил е во состојба да забрза од 0 до 100 км/ч за 8,9 секунди и да развие максимална брзина на движење од над 200 км/ч.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK