Volkswagen „двојка“ штo чини колку нова „седмица“ (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Не треба да се трошат многу зборови за да се дојде до заклучок дека Golf на Volkswagen беше и остана еден од најпопуларните автомобили на просторите на поранешна Југославија, каде што има длабоко вкоренет култен статус.

Првите две генерации на овој автомобил се произведени во фабриката ТАЅ во Вогошча кај Сараево во периодот од 1976 до 1992 година. Бројните примероци на Golf и денес се наоѓаат по улиците на градовите на екс-Југославија, а од нив добар дел припаѓаат на втората генерација произведена во ТАЅ.

Холандската компанија E&R Classics, која се занимава со реставрација и продажба на стари и нови класични автомобили (олдтајмери и јангтајмери) пред некое време се огласила за продажбата на една феноменално зачувана „двојка“GTI произведена во 1988 година.

Овој автомобил кој веќе има 32 години е во одлична форма, а го движи мотор од 1,8 литри со 137 коњски сили, кој во 2017 година имал „генералка“. Тогаш и целиот автомоби, во мера во која било потребно е реставриран и доведен во перфектна состојба.

Овој Golf оттогаш има оминато уште околу 500 километри додека не е доведен во салон. Она што кај него е најинтересно секако е цената. А таа за овој GTI изнесува 19.950 евра што и не е евтино. Сепак, треба да се има во вид дека автомобилите постари од три децении добиваат статус на олдтајмери, па нивните цени се формираат во склад со тоа.

Колку за споредба, по слична или нешто помала цена сè уште актуелниот модел Golf „седумка“ со некои од пониските пакети на опрема.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK