Во сообраќајни метежи на патиштата во Германија се загубиле 521.000 часови во 2019 година

ОБЈАВЕНО НА:

Иако патиштата низ Германија секаде се речиси перфектни, сепак, метежите и понатаму постојат и во споредба на последните две години е зголемено за 14 проценти. Минатата година имало вкупно 521.000 часови сообраќајни метежи.

Најлошо било во покраината Северна Рајна-Вестфалија на чии патишта се забележани 36 проценти од сите сообраќајни гужви. Следува Баварија со 18 проценти, а на 3. Место е Баден-Вуртемберг со 11 проценти.

Порастот во времето на траењето на сообраќајните гужви се објаснува со зголемувањето на бројот на километри кои ги минуваат возачите (за еден процент) како и зголемениот интензитет на работа на патиштата.

Ако се гледаат поединечните делници, најгуст бил сообраќајот на А3 (Келн-Франкфурт-Пасау) со 206 километри гужва по еден километар на автопатот. Потоа А8 (Салцбург-Минхен-Карлсруе) со 187 километри гужва по еден километар автопат, А1 (Либек-Хамбург-Келн) – 175. Најлош ден за патување, со најмногу гужва е среда, а потоа доаѓаат четврток и петок.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK