Во кое време од денот се случуваат најмногу сообраќајки?

ОБЈАВЕНО НА:

Интересно истражување за времето во денот во кој најчесто се случуваат сообраќајни несреќи на некого може да му го спаси животот доколку се води според овие податоци. Веројатнота за сообраќајна несреќа е најголема од 17 до 17:10 часот и таа е убедливо поголема во однос на секој друг дел од денот.

Оваа бројка е добиена после истражување кое било направено во период од пет години.

Лицата кои ја направиле анализата со помош на телеметрички систем анализирале вкупно 18.000 сообраќајни несреќи. Резултатите покажуваат дека 20 проценти од несреќите се случуваат меѓу 16 и 18 часот, а 14,46% се концентрирани во исклучително краток интервал од 10 минути после 17 часот. Тогаш фреквенцијта на возила е најголема. Вториот опасен период е меѓу 14 и 16 часот со врв од 15 до 15:10 часот.

Осигурениците исто така ги идентификувале и најчестите причини за сообраќајни несреќи.Во 34,25% од случатите тоа е се работи за удар одзади, во 12,88%  се резултат на пресекување на пат, додека во 7,79% се работи за паркирано возило. При 6,7% несреќите се случиле при претекнување.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK