Во ЕУ е намален бројот на кражби на автомобили за 40 отсто

ОБЈАВЕНО НА:

Полицијата во 27 земји од ЕУ во 2018 година евидентирале околу 528.000 кражби на автомобили што е за околу 40 отсто помалку во однос на 2008 година. Но, за податоците од Франција (2017-2018), Кипар (2018) и Унгарија (2016-2018) наместо податоците кои се недостасуваат употребени се последните достапни податоци.

Според податоците (графикот 5) од Еуростат во 27 земји од Еу во периодот од 2008 до 2018 постои опаѓачки тренд. Од друга страна полициите во Ирска и Хрватска во периодот од 2017 до 2018 година евидентирале 8 отсто повеќе кражби.

Кога станува збор за кражба на автомобили што го евидентирала полицијата на 100.000 жители највисоки вредности (просек 2016 – 2018) се забележани во Грција (260,.6), Италија (244,2), Франција (241,9), Шведска (237,3) и Холандија (169,3).
Меѓу земјите членки на ЕФТА најголем број на кражби според бројот на 100.000 жители има во Швајцарија (80,5).

Најнизок број на кражби на автомобили во ЕУ-27 е забележан во Словачка (27,8) и Естонија (25,1), Хрватска (21,4), Романија (10,8) и Данска (4).

Под „кражби на автомобили“ се подразбираат кражби на мотоцикли, патнички возила, автобуси, камиони, булдожери итн. но начинот на известување и евидентирање се разликува и влијае на рапоредбата меѓу земјите и годините.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK