Во Брисел ќе се вози само со 30 км/ч

ОБЈАВЕНО НА:

Од главниот град на Белгија доаѓа информација дека од 1 јануари брзината за моторни возила е ограничена на 30 км/ч. Градската администрација соопшти дека новото правило во сообраќајот ќе важи за сите делови во градот за да се смали бројот на несреќи, а ќе се зголеми безбедноста на патиштата.

Само неколку патишта ќе бидат исклучително од оваа нова регулатива.

Мислењето на граѓаните во однос на ова прашање се разликува. Некои сметаат дека тоа е подобра опција особено поради безбедноста на децата, додека некои мислат дека е претерано ограничувањето да важи за сите делови на градот.

Контролите се заострени ширум градот, а поставени се и посебни камери. Повеќето прекршители ќе мораат да ја платат паричната казна, а на оние кои ќе ги прекршат прописите повеќепати, во некои случаи ќе им биде одземено возилото.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK