Во 2020 година доаѓа Skoda Octavia од четвртата генерација

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Skoda веќе врши тестирање на својот најпродаван автомобил и тоа од новата генерација. Skoda Octavia од четвртата генерација се очекува да пристигне во 2020 година, но работата на неа уште одамна трае.

Новата Octavia ќе се вози на најновата верзија на платформата на Volkswagen, MQB, а тоа значи дека ќе изгуби многу на тежина.

Наводно би требало да порасне малку во димензиите, но и покрај тоа ќе има помала тежина од актуелниот модел. За моторот се знае малку, а особено е под прашање дали Octavia ќе биде достапна и со дизел агрегатите.

Многу веројатно на купувачите ќе им биде понуден и хибриден погонски склоп. Тоа би било и логично со оглед на тоа што нема модел од кој било произведувач кој за две или три години нема да биде електрифициран.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK