Виена добива „умни“ семафори

ОБЈАВЕНО НА:

После автономните автобуси, Виена прави уште еден чекор во својата иницијатива за создавање на паметен град. Во главниот град на Австрија веќе е завршена фазата за тестирање на интелигентни семафори за пешаци, а од оваа есен првите раскрсници ќе бидат опремени со камери и одговарачки софтвер.

Таканеречените „умни“ семафори ќе заменат околу 200 семафори на тастер кои во моментов се во употреба во Виена. Новите семафори самостојно препознаваат кога се наближува пешак, а тоа ја прави основата на правецот на движење и начинот како личноста се однесува.

Компјутерскиот програм може да предвиди дали личноста навистина сака да ја мине улицата или само да помине покрај семафорите. Овој систем на „умни“ семафори го креираше тим од Техничкиот факултет во Грац во соработка со градот Виена.

Во моментов во соработка со општините се бараат семафори за пешаци каде што овој интелингентен компјутерски управувач би бил најпотребен. Предуслов е во различни периоди доста луѓе да сакаат да ја минат раскрсницата, а од другата страна да постои засилен сообраќај.

Вакви семафори посебно би биле корисни во близина на училиштата, базените, како и на местаа со поголеми случувања. Важно е да се напомене дека камерите кои ќе бидат вградени не служат како камери за надзор. Тие го снимаат секој одреден момент, енкриптираат податоци и веднаш потоа ги бришат.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK